Свет 04. јуни 2018. / 10:36

Вознемирувачки сцени по ерупцијата на Фуего: Има повредени, изгорени и мртви луѓе (ФОТО+ВИДЕО)

Вознемирувачки сцени по ерупцијата на Фуего: Има повредени, изгорени и мртви луѓе (ФОТО+ВИДЕО)

Најмалку 25 лица загинаа, а стотина се повредени во Гватемала, откако се случи ерупција на вулканот Фуего, исфрлајќи река од лава и густ црн чад и пепел, пренесува Ројтерс.

-Река од лава го загрози селото Родео, има повредени, изгорени и мртви луѓе, се вели во соопштението на Агенцијата за катастрофа на Гватемала.

Додека лавата течлена низ улиците, припадниците на службите за спасување влегуваа во куќите во потрага по заробени жители.

Управата за цивилна авиација на Гватемала соопшти преку социјалната мрежа Твитер дека пистата е затворена поради присуство на вулканска пепел.

Вулканот се наоѓа на околу 40 километри југозападно од Гватемала сити.

Огромни облаци на час можат да се видат од различни делови на земјата, а пепелта која падна ги вознемири граѓаните. Властите од нив побараа да останат смирени.