Свет 15. септември 2018. / 12:09

Вооружен напад во Мексико, маскирани како музичари среде плоштад направиле масакр – 3 лица убиени, 7 повредени

Вооружен напад во Мексико, маскирани како музичари среде плоштад направиле масакр – 3 лица убиени, 7 повредени

Вооружани напаѓачи во центарот на Мексико Сити убиле три лица и повредиле седуммина. Нападот се случил на плоштад каде имало голем број туристи.

Тројцата напаѓачи, кои биле маскирани како маријачи музичари, по нападот избегале со мотори.

Мексиканската полиција соопшти дека е во потрага по напаѓачите.