Свет 01. мај 2019. / 12:29

Вооружен напад на Универзитет во САД: Најмалку двајца убиени

Вооружен напад на Универзитет во САД: Најмалку двајца убиени

Најмалку 2 лица се убиени, а четворица ранети кога вооружен напаѓач, идентификуван подоцна како студент, почнал да пука во зградата на кампусот на Универзитетот во Северна Каролина, соопштиле денеска американски полициски службеници.

 

Полицискиот шеф во кампусот Џеф Бејкер рекол дека на повикот за пукање одговориле двајца или тројца полицајци, кои го разоружале 22-годишниот Тристан Ендру Терел и го притвориле, пренесува агенцијата Ројтерс.

Информациите за мотивот за напад и други детали засега не се соопштени.

Нападот се случил последниот училишен ден во оваа академска година.