Со тешко вооружување се повредени 25 војници, а седум се водат за исчезнати, во несреќа која се случила во воената база во Турција за време на вежби со боева муниција.
Како што стои во соопштението, од Министерството за одбрана открива дека несреќата се случила во воена база на турската армија во провинцијата Хакари која што се граничи со Ирак и Иран и каде што има чести воени судири на турската армија со курдските сили.
После несреќата, војниците веднаш биле евакуирани и пренесени во болница, а засега не е откриено за какви повреди станува збор.
Исто така, се испитува и кои се причините за несреќата, а повеќе детали ќе бидат познати во текот на денешниот ден.