Свет 24. декември 2019. / 10:50

Во Португалија изречени највисоки казни за двајца педофили

Во Португалија изречени највисоки казни за двајца педофили

Двајца мажи обвинети за сексуално злоставување малолетници, во Португалија се осудени со максимална казна затвор од 25 години.

Тоа е пресуда без преседан за педофилија во земјата, велат извори блиски до судот.

Првообвинетиот, кој има 27 години и чие име не е објавено, е прогласен за виновен за сексуално злоставување осум малолетни лица, вклучително и бебиња.

Обвинетиот е во притвор од 2017 година. Живеел со неговите родители и сестра во Агеда, на околу 200 километри северно од Лисабон. Тој е обвинет за злоставување на внуките, на кого му било доверено да ги чува кога родителите биле отсутни.

Тој беше прогласен и за виновен за формирање меѓународна мрежа на педофилија што работи на „Даркнет“ со објавување фотографии и видеа за сексуална злоставување.

Другиот обвинет е програмер кој живее во близина на Лисабон. Тој е обвинет за сексуална злоупотреба на својата ќерка. Тој, исто така, објавил фотографии и видеа на страници за детска порнографија.