Свет 03. јуни 2020. / 18:45

(ВИДЕО) Во Турција уапсени 29 демонстранти против полициското насилство во САД

(ВИДЕО) Во Турција уапсени 29 демонстранти против полициското насилство во САД

Во Истанбул се уапсени најмалку 29 луѓе, кои се собрале за да го осудат полициското насилство во знак на солидарност со демонстрантите во САД.

Турската полиција ги разбила протестите откако група од околу 50 активисти ги игнорирала повиците да се разотидат.

Демонстрантите носеле фотографии од убиениот Афроамериканец Џорџ Флојд, како и од инцидентот кога полицаецот со колено му го притиска вратот додека лежи на земја.