Свет 08. февруари 2020. / 19:32

(ВИДЕО) Тајландската војска не може да го најде напаѓачот што уби 20 цивили

(ВИДЕО) Тајландската војска не може да го најде напаѓачот што уби 20 цивили

Припадници на тајландската полиција и армија извршија рација во трговскиот центар во Тајланд, каде што член на армијата застрела 20 лица.

Портпаролот на Министерството за одбрана на Тајланд изјави дека припадниците на безбедносните сили ги евакуаирале луѓето коишто биле во трговскиот центар за време на нападот.

„Полициските службеници и војниците помогнаа во евакуација на повеќе од 100 лица од трговскиот центар во заедничка операција, но не знаеме точно колку остануваат во објектот“, изјави портпаролот за Ројтерс.

„Се уште не е познато колкумина остануваат внатре“, додаде тој.

Според него, напаѓачот се уште е во центарот на Терминалот 21 во трговскиот центар.

Специјалистите и војската допрва треба да го најдат напаѓачот.