Свет 27. март 2020. / 11:25

(ВИДЕО) Силна ерупција на индонезискиот вулкан Мерапи, втора од почетокот на март

(ВИДЕО) Силна ерупција на индонезискиот вулкан Мерапи, втора од почетокот на март

Најактивниот вулкан во Индонезија, Мерапи, утринава исфрли столб од пепел во висина од 5.000 метри и ова е втора по големина ерупција од почетокот на месецот.

Пепел и песок ја покрија областа одалечена неколку километри од врвот на кратерот кој се наоѓа недалеку од градот Јогјакарта. Властите не го подигнаа степенот на предупредување од вулканот Мерапи.

– Нема известување за штети од ерупцијата. Бараме луѓето да останат мирни и да не паничат, изјави Агус Вибово од Агенцијата за кризни ситуации.

За време на ерупцијата на вулканот на почетокот од месецов исфрлен е пепел во висина од околу 6.000 метри и Јогјакарта и соседниот град Соло беа прекриени со сива прашина, а беше затворен и аеродромот.