Свет 05. август 2020. / 15:33

(ВИДЕО) Сакал да ја запроси девојката со стотина запалени свеќи, па случајно го изгорел станот

(ВИДЕО) Сакал да ја запроси девојката со стотина запалени свеќи, па случајно го изгорел станот

Момче од Велика Британија, сакајќи да направи романтичен гест, случајно предизвикал пожар во станот, откако запалил стотици свеќи за да ја запроси девојката.

Во собата исполнета со балони, тој оставил стотици запалени свеќи, а во меѓувреме отишол по девојката во пресрет на големиот момент. Но, кога парот пристигнал во станот во Шефилд, пожарникарите веќе биле на пат.

Никој не е повреден во пожарот, а девојката се согласила да се омажи за неименуваниот романтичар.

Пожарникарите во Јоркшир ги споделија фотографиите од сцената по пожарот на Фејсбук.

„Ова требаше да биде сцена на романтично запросување. Виновник? Погодивте – свеќичките. За среќа, нашите пожарникари брзо го изгасија пожарот и никој не е повреден. И како бонус, таа рекла „ да“ – “, објавиле пожарникарите на Фејсбук.

Од противпожарната служба предупредуваат дека свеќите можат да бидат опасни.

Ве молиме, изгасете ги правилно кога ќе завршите, не ставајте ги во близина до запаливи предмети, како што се завеси и не оставајте стотици од нив без надзор – се вели во предупредувањето.