Свет 24. мај 2020. / 18:00

(ВИДЕО) Протести во Хонг Конг против новиот закон за национална безбедност

(ВИДЕО) Протести во Хонг Конг против новиот закон за национална безбедност

Полицијата во Хонг Конг употреби солзавец за да ги растера антивладините демонстранти кои протестираат против планот на Пекинг за воведување закон за национална безбедност.

Илјадници луѓе излегоа на протести против законите што ги планира Кина како одговор на ланските демонстрации, кои донесоа најголеми немири за кинеското владеење од 1997 година.

Додека демонстрантите во Хонг Конг сметаат дека станува збор за грубо мешање на кинеската Комунистичка партија во автономијата на Хонг Конг, официјален Пекинг ги негира обвинувањата.

Медиумите пренесуваат дека законот ќе забрани отцепување, мешање на странски земји, тероризам и сите други сепаратистички активности насочени кон соборување на централната власт и мешање на странците во внатрешните работи на поранешната британска колонија.