Преку 300 демонстранти се собраа денес на мирни протести на парискиот плоштад, сакајќи да го изразат своето незадоволство од мерките за задолжително носење маски, извикувајќи „Слобода, слобода!“.
Франс прес пишува дека ова е еден од првите протести од ваков тип во Франција.
Демонстрантите се собраа на плоштадот на нацијата во источен Париз, обвинувајќи ја владата за „манипулација со исплашени луѓе“ и наметнување носење маски во неколку големи француски градови „без никакво научно оправдување“.
Тоа е еден од првите собири на активисти кои протестираат против задолжителното носење маски во Франција. Демонстрантите беа брзо опкружени со припадници на безбедносните сили, а на некои демонстранти им беше веднаш изречена казна од 135 евра за неносење маски.
Луѓето не сакаат маски …, тие ги носат само затоа што се плашат дека ќе добијат парична казна“, рече еден од демонстрантите.
Нема научни докази за придобивките од носењето маски на отворено. Ковид-19 не е толку опасен, најмногу убива луѓе постари од 60 години”, рече Анаис, 26-годишен студент по социологија.
Меѓу демонстрантите беа и неколку членови на „жолтите елеци“ кои изразија солидарност кон демонстрантите и го критикуваа фактот дека маските не се бесплатни.