Свет 14. април 2020. / 11:43

(ВИДЕО) Полицијата во Индија со оригинални казни за туристите што ја прекршуваат забраната за движење

(ВИДЕО) Полицијата во Индија со оригинални казни за туристите што ја прекршуваат забраната за движење

Индиски полицајци на невообичаен начин одлучиле да казнат група туристи во земјата кои ги прекршиле забраните за движење во градот Ришикеш.

Десет странски туристи од Израел, Мексико, Австралија и Австрија биле фатени како шетаат низ овој индиски град, со што ја кршат службената одредба со која се дозволува движење само во итни ситуации, како на пример, одење во самопослуга или аптека.

Полицијата одлучи да ги казни на невообичаен начин, барајќи од сите десетмина да пишуваат „извини …“ 500 пати, што требало да го направат под будното око на полициски службеник, се вели во објавата на Твитер. Туристите тоа го сториле под будното око на чуварите на редот, а тоа е објавено на твитер-профилот на списанието „Ришикеш рајтинг“.

Локалниот полициски службеник Винод Шарма објасни дека секој од туристите морал да ја напише реченицата 500 пати: „Јас не ги испочитував правилата за изолација, затоа ми е многу жал.“

Повеќе од 700 странски туристи од САД, Австралија, Мексико и Израел моментно живеат во овој дел на Индија. Во последниве денови, тие го прекршиле карантинот, според извештајот на локалната полиција, која што им наметна необична казна на туристите за да ги научат веќе да не постапуваат спротивно од забраната.

Шарма изјавил дека полицијата ќе им даде на хотелскиот персонал упатство странските гости да ги пуштаат исклучиво придружувани со локални жители, а хотелиерите и угостителите кои не ги исполнуваат одредбите ќе бидат казнети со парична казна.

Освен тоа, властите во овој дел од Индија осмислиле начин како да ги избркаат луѓето од улица, така што полицајците ќе носат кациги во облик на корона вирусот.