Свет 04. јуни 2020. / 10:36

(ВИДЕО) Напад со нож во градинка: Повредени 37 деца

(ВИДЕО) Напад со нож во градинка: Повредени 37 деца

Најмалку 39 лица се повредени утрово во напад со нож на југот на Кина, јавуваат кинеските државни медиуми.

АП наведува дека нападот се случил во градинка, додека Дојче веле известува дека нападот се случил во основно училиште на југот на Кина.

Според локалната власт на округот Кангу во регионот Гунагси, 37 деца и двајца возрасни се здобиле со повреди со различен степен.

Кинеските државни медиуми го идентификуваа напаѓачот како чувар на училиштето, чие презиме е Ли, пренесува АП.

Мотивот за нападот сè уште не е познат, а осомничениот е приведен додека трае истрагата.

Кинеската телевизија ЦТВ наведува дека во нападот се повредени 40 лица, од кои тројца биле сериозно повредени, меѓу кои и директорот на училиштето, друг чувар на безбедност и ученици.