Свет 09. октомври 2019. / 15:29

(ВИДЕО) Објавена првата снимка од нападот во Германија: Излезе од возилото и започна да пука

(ВИДЕО) Објавена првата снимка од нападот во Германија: Излезе од возилото и започна да пука

Најмалку двајца луѓе се убиени пред синагога во германскиот град Хале, а властите објавија снимка од пукањето.

На видео снимката може да се види маж, облечен во воена униформа, како излегува од возило и почнува да пука. Сомнежите се дека нападот го извршиле двајца мажи.

Полицијата уапсила едно лице, но и понатаму се трага по неколку луѓе.

Како што јавува германски Билд, напаѓачот од автоматска пушка започнал да пука пред синагогата, а според првите информации фрлена е и рачна бомба во близина на еврејските гробишта.

Инаку, денеска Евреите го одбележуваат Јом Кипур, еден од најважните празници.

На лице место се наоѓаат голем број полициски возила, а на граѓаните им се советува да останат во домовите и да ја избегнуваат оваа област.

Заради предострожност затворена е и железничката станица во Хале.