Свет 10. мај 2020. / 22:28

(ВИДЕО) Инциденти со полицијата на протести против мерките за корона вирусот во Германија

(ВИДЕО) Инциденти со полицијата на протести против мерките за корона вирусот во Германија

Германската полиција соопшти дека повеќе од сто лица биле приведени поради насилство на протестите против рестриктивните мерки воведени за да се спречи ширењето на корона вирусот.

Берлинската полиција соопшти дека се приведени 86 лица кои фрлале шишиња кон полициските службеници за време на демонстрациите на Александарплац, големиот централен плоштад во поранешниот Источен Берлин. Еден полицаец е повреден, а друг се здобил со повреда во друг инцидент пред зградата на Рајхстагот, за време на кој беа приведени 45 лица.

Во западниот град Дортмунд, полицијата соопшти дека маж нападнал телевизиска екипа за време на протестот, што е трет таков напад во Германија за две недели. Соопштено е дека 23-годишниот напаѓач е уапсен.

Полицијата во Келн изрази негодување што некои демонстранти ги принудиле купувачите да ги извадат своите заштитни маски при влегување во продавници.

И покрај постепеното олеснување на рестриктивните мерки во последните неколку недели, нагло избија протестите против тие мерки, а мнозинство од учесниците на протестите се екстремно десничарски групи и луѓе кои веруваат дека корона вирусот е безопасен или дека е дел од глобален заговор.