Свет 12. април 2018. / 15:08

Ученици обучени како да користат камења во случај ако дојде напаѓач

Ученици обучени како да користат камења во случај ако дојде напаѓач

Управникот на училиштето Millcreek Township, Вилијам Хол, изјави дека доделувањето на бејзбол палки е симболично, но дека професорите изразиле желба да имаат некој вид на одбранбен алат.

За сега 500 професори во основни и средни училишта добиле бејзбол палки, а сите поминале тренинг на кој била одржана обука како да реагираат во случај на пукање.

Хол изјави дека тренингот се однесувал на подготвување на наставниците за тоа како да им се спротивстават на напаѓачите, а не како да се кријат и чекаат.

Потрошени се речиси 1.800 долари за купување на палки, кои се поставени во училниците и канцелариите кои ги користат професорите.

Во некои училишта биле зголемени и безбедносните мерки на самите влезови.

Ова не е првата необична мерка за борба против напаѓачи. Во март е најавено дека на учениците ќе им бидат доделени канти со камења, за да можат да ги гаѓаат напаѓачите, кои ќе бидат чувани во школските шкафчиња.

Учениците исто така поминале обука како да ги користат камењата, во случај напаѓач да влезе во училиштето и да почне да пука.