Непознат напаѓач убил шестмина и ранил уште тројца други вработени во главната американска воена база во Авганистан, лоцирана северно од Кабул.
Како што соопштија американски воени претставници, деветмината Авганистанци се враќале од работа кога на оддалеченост од 500 метри од воздухопловната база во Баграм напаѓачот од мотоцикл отворил оган врз нив.
Напаѓачот успеал да побегне и по него интензивно се трага.
Иако талибанските и бунтовничките групи на Ислмаска Држава се активни во северните области на Авганистан, засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.
Портпаролот на авганистанската провинција Парван, Вахида Шакар, изјави дека националните безбедносни сили почнале истарга за да го откријат напаѓачот врз работниците, кои биле ангажирани како чистачи во воената база.