Свет 18. октомври 2018. / 14:33

Турски „Сабах”: Саудиски разузнавач влегол во конзулатот во Истанбул пред доаѓањето на новинарот Кашоги (ФОТО)

Турски „Сабах”: Саудиски разузнавач влегол во конзулатот во Истанбул пред доаѓањето на новинарот Кашоги (ФОТО)

Саудиски разузнавач, близок до принцот Мухамед бил Салман, влегол во саудискиот конзулат во Истанбул непосредно пред доаѓањето на новинарот Џамал Кашоги, на втори ноември, објави турскиот весник „Сабах”.

Според „Сабах” станува збор за полковникот Махер Абдулазиз Мутреб, а „Њујорк Тајмс” коментира дека Мутреб служел како дипломат во саудиската амбасада во Лондон, а дека во последно време го следел саудискиот крунски принц.„Сабах” пишува дека Мутреб на 2. октомври влегол во саудискиот конзулат во Истанбул во 9:55 часот на 2. октомври, неколку часа пред да дојде Џамал Кашоги.

За разлика од Кашоги, кој никогаш не излегол, Мутреб на пладне излегол од конзулатот, отишол во хотел, и во 17:15 часот го напуштил со голем багаж.

Мутреб бил виден и на фотографии кои ги објавиле репортери на „Houston Chroncile”, а кои датираат од април оваа година.

Агенцијата „АП” се обидела кај саудиските власти да го потврди идентитетот на Мутреб, но Ријад веќе со денови ги игнорира барањата за коментар од таа агенција.