Свет 07. мај 2020. / 13:29

Турција испратила неисправна заштитна медицинска облека во Велика Британија

Турција испратила неисправна заштитна медицинска облека во Велика Британија

Националната здравствена служба на Велика Британија утврдила дека заштитната медицинска облека испратена од Турција е неисправна, објави лондонскиот весник „Сан“.

Велика Британија минатиот месец од Турција порача 400.000 парчиња заштитна облека.

Три дена по предвидениот рок за испорака во Велика Британија пристигнале само 32.000 парчиња заштитна облека, а потоа пристигнале и останатите, но Националната здравствена служба утврди дека се неисправни – наведува „Сан“.