Вулкан на островот Манам, во Папуа Нова Гвинеја, се активира денеска, а поради тоа евакуирани се околу 2.000 луѓе, соопшти националниот Центар за вонредни ситуации.
Вулканот на островот Манм е еден од најактивните во таа област, каде живеат околу 9.000 луѓе.
Како што пренесува Ројтерс, засега нема повредени.
„Три села се најдоа директно на патот на лавата, па жителите се евакуирани“, рекол директорот на Центарот за вонредни ситуации Мартин Моуз.
Над вулканот може да се забележи чад и пепел висок околу 15 километри.