Свет 09. ноември 2018. / 09:28

Три лица избодени со нож во центарот на Мелбурн, напаѓачот застрелан

Три лица избодени со нож во центарот на Мелбурн, напаѓачот застрелан

Три лица се избодени со нож утринава во центарот на австралискиот град Мелбурн. Полицијата го застрелала напаѓачот и во критична осостојба е пренесен во болница.

Локалните медиуми јавуваат дека од тројцата избодени едно лице е во критична состојба, друго има повреди на главата, а состојбата на третото лице не е позната.

Пред инцидентот, полицијата била повикана поради возило кое горело во улицата Бурк. На видео снимките објавени на интернет се гледа како мажот ѝ се заканува на полицијата со нож во раката.