Пријателите на САД во Европа изразуваат загриженост во врска со планот на претседателот Трамп за намалување на бројот на американската војска во Германија за повеќе од четвртина, тврдејќи дека тоа ќе ослаби НАТО, а ќе ги засили противниците, како на пример Русија.
Ваквиот план на претседателот Трамп ги изненади сојузниците кои не биле официјално информирани, велат европски дипломати кои во петокот ги цитираше „Вол Стрит Журнал“.
Предлогот за кратење на 25.000 од вкупно 34.500 војници ќе го намали американското присуство во Европа предвидено за одвратување на Русија, која во 2014 започна судири во Украина засилувајќи го воените сили на западната страна.
Министерот за надворешни работи Хеико Мас рече дека Германија, доколку се потврди, ќе ја земе во предвид ваквата одлука.
– Ние ја цениме соработката со вооружените сили на САД , чии број расте низ декадите. Тие се во интерес на двете наши земји, изјави тој за весникот „Билд ам сонтаг“.
Прашан за релацијата на Германија со САД тој одговори: Комплицирано е.
Сојузникот пак на германската канцеларка, Ангела Меркел во германскиот парламент, уште пожестоко го нападна претседателот на САД.
– Планот уште еднаш покажува дека администрацијата на Трамп ја запоставува основната задача на лидерството, тоа е вклучување на сојузниците во процесот на донесување одлуки, изјави Јохан Вадефул, заменик претседател на владеачкиот конзервативен блок на Меркел во парламентот, додавајќи дека сите имаат корист од соработка на Алијансата, а од нејзиниот раздор само Русија и Кина.
Трамп често ги прозиваше своите сојузници околу воените трошоци и други теми, како што е Иран, и ја доведе во прашање вредноста на северно-атлантската организација. Сојузниците се пожалија дека не се консултирани во носењето на големите одлуки, посебно во мај, кога администрацијата на Трамп соопшти дека се повлекува од договорот за „Отворено небо“, со тоа зголемувајќи го ризикот од конфликт помеѓу Русија и западот.
Трамп ја критикуваше Германија, најголемата економија во Европа, за практично не постигнувањето на трошоците за алијансата за трошење на 2% од бруто домашниот производ.