Свет 03. ноември 2018. / 21:01

Трамп: Многу медиуми со своето однесување поттикнуваат насилство

Трамп: Многу медиуми со своето однесување поттикнуваат насилство

Американскиот претседател Доналд Трамп ги обвини медиумите за поттикнување насилство во САД.

-Вие поттикнувате насилство со вашите прашања- и рече Трамп на новинарката, која го праша дали неговиот говор може да придонесе за „политички мотивирано насилство” во САД.

-Голем број новинари поттикнуваат насилство со тоа што не ја кажуваат вистината. Медиумите на лажни вести поттикнуваат насилство- додаде Трамп.

-Доколку медиумите пишуваат објективно и точно, ќе има помалку насилство во нашата земја- заклучи Трамп.