Свет 01. јануари 2020. / 10:00

Трамп честиташе Нова година со закана кон Иран

Трамп честиташе Нова година со закана кон Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани на Иран обвинувајќи ја нацијата за нападот на американската амбасада во соседен Ирак.

Илјадници Ирачани и припадници на армијата протестираат пред Амбасадата на САД во Багдад поради воздушните напади на американската армија во коишто загинаа 25 шиитски борци во Ирак.

-Иран ќе биде целосно одговорен за изгубените животи или штетата предизвикана во било кој од нашите објекти. Ќе платат висока цена. Ова не е предупредување, ова е закана. Среќна Нова година!, објави Трамп на Твитер.