Свет 25. април 2018. / 13:54

Таа е првата жртва на крвавиот напад – се враќала од работа кога монструмот ја покосил на тротоарот (ВИДЕО)

Таа е првата жртва на крвавиот напад – се враќала од работа кога монструмот ја покосил на тротоарот (ВИДЕО)

Идентификувана е првата жртва од нападот со комбе во Торонто. Станува збор за Ан-Мари ди Амико. Таа се враќала од компанијата за капитални вложувања Инвеско во која работела.

Сидиштето на компанијата е во близина на улицата Јонг во која Алек Минасиан намерно се забил со комбето во маса луѓе. Директорот на експозитурата Инвеско, Питен Интралиџи ја потврдил смртта на својата вработена.

Ди Амико во Инвеско работеше како финансиски аналитичар. Нејзините колеги за неа имаат само пофални зборови.

„Беше полна со живот, секогаш одлично расположена и насмеана. Обожаваше да патува. На сите во фирмата ќе ни недостасува нејзината намсевка“, рекле нејзините колеги.

Ова беше еден од најголемите напади во историјата на Канада. Да потсетиме, во нападот загинаа 10, а повредени се 15 луѓе.