Свет 05. октомври 2020. / 12:35

Студент Евреин нападнат пред синагога во Хамбург

Студент Евреин нападнат пред синагога во Хамбург

Германската министерка за правда Кристина Ламбрехт го оцени денеска како ужасен акт на насилство нападот врз 26-годишен студент Евреин, пред синагога во Хамбург.

Мораме дополнително да се спротивставиме на агитирањето против Евреите и да ги заштитиме жртвите на омраза и насилство, предупреди Ламбрехт.

Студентот е нападнат и добил удар во глава непосредно пред да влезе во синагогата, а потоа поради здобиени повреди бил пренесен в болница.

Полицијата уапси осомничен 29-годишен Германец со потекло од Казахстан, кој бил облечен во маскирна униформа и, како што се наведува во полициското соопштение, бил конфузен при првото сослушување.