Свет 20. мај 2018. / 22:08

Страшно: Лавата го голта островот, а тие прават селфи (ВИДЕО+ФОТО)

Страшно: Лавата го голта островот, а тие прават селфи (ВИДЕО+ФОТО)

Лавата од вукланот Килауеа на Хаваите уништи уште четири куќи во близина на населениот дел од Големиот остров, на кој веќе се уништени неколку објекти.

Секторот за цивилна одбрана на Хаваи извести дека во саботата продолжила ерупцијата од пукнатините на земјата, во подрачјето Ланипунија Гарденс, поради што лавата дополнително се разлила.

На жителите на овој дел веќе им е речено да се подготват за евакуација, доколку главниот автопат биде загрозен.

Во кратката ерупција која се случила неколку саати порано, вулканот Килауеа исфрлил облак од пепел до 2.133 метри во вис.

Неизвесно е кога вулканот ќе се смири, а некои сметаат дека тоа е забавно па прават селфи и се фотографираат со чадот во позадина.