Американскиот Стејт Департмент разгледува можност да се воведат санкции против Турција по извештаите дека Анкара размислува да купи руску авиони „Сухој Су-35“, како алтернатива за повлекувањето од програмата за американските „Ф-35“.
Портпаролот на Стејт Департментот ги повика сите американски сојузници да не купуваат оружје од Русија, за коешто тој изјави дека не е компатибилно со НАТО системите и може да предизвика за наметнување „задолжителни санкции“, според протоколот ЦААТСА на НАТО.
Досега, ниту една од мерките за санкции предвидени со ЦААТСА не се активирани против Турција за набавката на антиракетните системи С-400, поради тоа што Белата Куќа одлучи да го искористи своето право да ги одложи анкциите за шест месеци. Тоа одложување ќе истече на 31 декември, но американските закони му овозможуваат на претседателот, Доналд Трамп да ги активира санкциите во секој момент кога ќе смета дека тоа е потребно.