Сини пламени се појавија од пукнатините на пат во Хаваи, по ерупцијата на вулканот Килауеа.
Вукалнот произведува метан кога топлата лава гори растенија и дрвја. Кога овој гас тече низ пукнатините, предизвикува сини пламени.
-Тоа е многу драматично и морничаво, вели Џим Кауакикауа, американски научник за геолошки истражувања, додавајќи дека втор пат гледа сини пламени за време на ерупција, пренесува Индепендент.
Метанот, исто така, може да предизвика експлозии, доколку се запали под земја.
Ерупцијата на вукалнот започна на 3. мај, а голем број на жители се евакуирани.
Вулканот предизвика над 20 отвори на земјата, кои ослободуваат лава, сулфур диоксид и пареа.