Свет 28. септември 2018. / 10:02

Силен земјотрес ја погоди Турција

Силен земјотрес ја погоди Турција

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран во западниот дел на Турција, според информациите објавени на веб-страницата на Европскиот медитерански сеизмолошки центар.

Земјотресот е регистриран во 03:26 часот по локално време, на длабочина од 80 километри. Епицентарот е на 37 километри северозападно од Анталија и 322 километри југоистично од Измир.

Нема податоци за жртви и материјална штета.