Свет 10. мај 2018. / 11:53

Шестмесечно бебе загина поради високите потпетици на неговата мајка

Шестмесечно бебе загина поради високите потпетици на неговата мајка

Шестмесечно дете трагично го загуби животот кога неговата мајка Фемида Шајк изгубила рамнотежа на високи потпетици и го испуштила од терасата на вториот кат од зграда во градот Калијан, во Индија.

Фемида Шајк (23) присуствувала на венчавка со својот син Мухамед и според пишувањето на медиумите, цело време се движела на своите високи потпетици.

Набрзо загубила рамнотежа и ги испуштила Мухамед, кој тогаш се здобил со тешки повреди на рбетот и починал пред да го однесат во болница.

Венчавката се одржала во градот Калијан кај Мумбаи во Индија, а додека некои извештаи тврдат дека до страдањето дошло поради пад од тераса, во други се наведува дека детето се стркалало низ скали.

Полицијата е вклучена во истрагата на целиот случај, иако тврдат дека станува збор за несреќа.