Најмалку седум луѓе загинале, а барем 15 се повредени во воздушен напад врз фабрика за кондиторски производи во главниот град на Либија, Триполи.. Како што соопштија од либиското министерство за здравство, меѓу жртвите има и петмина странски државјани.
Во сооштението на министерството се наведува дека нападот се случил во квартот Вади ал-Рабие, во јужниот дел на градот.
Од април годинава Триполи е средиште на борби меѓу самопрогласената Либиска народна партија и повеќето милиции поврзани со меѓународно признатата, но слаба влада, која ја контролира престолнината.
Уличните борби престанаа во изминатите недели, но двете страни продолжија да разменуваат минофрлачки напади на јужните приоди на градот.
Во борбите досега загинаа неколку стотици лица, а илјадници се раселени