Украинскиот претседател, Петро Порошенко, пред пратениците во Врховната рада рече дека Северна Македонија го уништила планот на Русија за влијание на Балканот. Таа, како што рече Порошенко, не дозволи да се спроведе планот на Русија за спречување на влез во НАТО.
Во Украина во тек е промена на Уставот заради овозможување на Украина за стекнување со можност за полноправно членство во ЕУ и НАТО.
Патот на Северна Македонија до НАТО беше многу тежок. Но, таа беше единствена и упорна и наскоро ќе стане 30 членка на НАТО, а со тоа ја зајакна безбедноста на овој дел од Европа и го истисна влијанието на Русија, рече украинскиот претседател.