Свет 29. мај 2019. / 10:58

Поранешен градоначалник ја убил својата 35-годишна сопруга

Поранешен градоначалник ја убил својата 35-годишна сопруга

Полицијата го уапси некогашниот ирански потпретседател и поранешен градоначалник на Техеран, Мохамад Али Наџафи, откако призна дека убил една од своите две жени со пиштол во нивната куќа.

Полицијата вчера го привела Наџафи откако сам се пријавил и признал дека ја убил својата сопруга Митра Наџафи, јави агенцијата ИРНА цитирајќи го обвинителот Мухамед Џахријари. Џахријари рекол дека Наџафи и неговата сопруга имале семејни проблеми.

Полигамијата е легална во Иран, па сепак многумина на социјалните мрежи го критикуваа Наџафи (67) откако се ожени со 35-годишната Митра.