Речиси 700 луѓе добиле психолошка помош по нападот во Стразбур извршен на Божиќен пазар, нагласија од градската управа.
Петмина од ранетите состануваат во болница додека други петмина се пуштени на домашно лекување.
Властите подигнаа обвинение за човек кој му доставил оружје на напаѓачот. Уште две други лица вчера беа приведени во истрагата за терористичкиот напад извршен на 11 декември од 29-годишниот Шериф Шекат во кој беа убиени пет луѓе и 11 ранети.