Свет 02. март 2020. / 08:30

ОН: Најмалку 13.000 мигранти на турската граница

ОН: Најмалку 13.000 мигранти на турската граница

Обединетите нации соопштија во неделата дека најмалку 13 илјади луѓе се собрани на турско-грчката граница, откако Анкара соопшти дека повеќе нема да ги спречува мигрантите да заминат кон Европа.

Во соопштението на Организацијата на ОН за миграции се наведува дека најмалку 13 илјади луѓе се собрани на официјалните гранични премини Пазаркуле и Ипсала, пренесува Сошиејтед прес.

Стотици мигранти тргнаа во петокот низ северозападот на Турција кон границите со Грција и Бугарија.

Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу синоќа изјави дека земјата преку Једрена ја напуштиле 36 776 мигранти.