Свет 21. декември 2018. / 10:31

Официјален став на Москва: Русија сака Македонија да го смени името, ама да не влезе во НАТО!

Официјален став на Москва: Русија сака Македонија да го смени името, ама да не влезе во НАТО!

Руската федерација нема да се спротистави на промената на името на Република Македонија, но е против нашето членство во најсилната воена алијанса- НАТО.

Амбасадорот на Руската федерација во Атина, Андреј Маслов изјави дека Русија нема да стави вето во ОН за промената на името на Македонија, јавува грчкиот весник „Катимерини“.

Маслов ги повтори зборовите на рускиот прв дипломат Сергеј Лавров кој пред една година изјави дека ако Атина и Скопје се договорат и тој договор стане дел од Уставот на Р. Македонија, Русија ќе го прифати тоа.

Маслов сепак подвлекува дека Руската федерација е против членството на Македонија во НАТО и додаде дека Москва ќе биде принудена да преземе контрамерки ако тоа се случи.