Новинарот на мексиканскиот весник „Екселсиор“ Хектор Гозналес Антонио е претепан до смрт во мексиканската погранична држава Тамаулипас, соопшти канцеларијата на државниот обвинител.
Тој е пронајден во вторникот наутро во престолнината на таа мексиканска држава Сиудад Викториа, а по обдукцијата е утврдено дека е претепан до смрт.
Гонзалес пишувал за насилство и корупција во државата Тамаулипас, која се наоѓа на границата со Тексас, а пред да стане новинар во „Екселсиор“ работел за локалните медуми во Сиудад Викторија.
Како што се наведува, Гонзалес е петти новинар е убиен во Мексико годинава, а последните пет години во Мексико се лишени од живот 30 новинари.