Свет 13. ноември 2018. / 17:42

Нови шокантни детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа

Нови шокантни детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа

Убијците , кои дошле од Саудиска Арабија на денот на убиството и по неколку часа си заминале од Истанбул во куферите носеле страшна опрема.

Освен тоа , турските истражители уловиле комуникација во која еден од петнаесетината убијци на некого му вели да му каже на шефот дека операцијата е завршена. Не се знае името на шефот , но се претпоставува дека станува збор за престолонаследникот Михамад бин Салман. Новинарот бил задавен , а неговото тело распарчено , истопено во киселина и истурено во канализација.

По извршеното убиство , 15 мината отпатувале назад во Саудиска Арабија со два приватни авиони и со еден на редовна линија.

Според весникот Сабах, кој ги објави снимките на куферите на убијците кои патувале со приватните авиони , во нив имало десет мобилни телефони , пет воки – токи уреди, два шприца, два електоршокери , големи ножици , уред за пречки , три големи заварувачи и предмет што личи на скалпел.

Турскиот претседател Реџеп таип Ердоган во саботата потврди дека има аудио снимка од убиството , која ја испратил во Вашингтон , Ријад , Париз, Берлин и Лондон.

,, Таа снимка е ужасна . Дури и членот на саудиската разузнувачка служба бил толку шокиран кога ја слушнал , па рекол дека тој што го правел ова морал да биде на хероин . Само некој кој зема хероин тоа би го направил.” , изјави Ердоган.