Најмалку 19 луѓе загинале, а 24 се повредени кога автобус паднал во провалија во северниот дел од Ирак.
Според известувањето на иранската агенција Исна, несреќата се случила во покраината Мазандаран.
Повредените се префрлени во блиска болница, а неколку од нив се наоѓаат во критична состојба. Исна објавува дека причина за несреќата е технички проблем со системот за кочење.
Иран е една од земјите со најлоша статистика во светски рамки за безбедност во сообраќајот. Во оваа земја годишно во сообраќајни несреќи гинат околу 17 илјади луѓе. Честите несреќи се последица на непочитување на сообраќајнте закони, возила коишто не се безбедни, како и неадекватни итни служби.
Ова е нова масовна несреќа во Иран, откако вчера во Техеран веднаш по полетувањето падна украински патнички авион при што загинаа сите 176 луѓе што се наоѓале во леталото.