Свет 06. јуни 2018. / 10:55

Нова ерупција на вулканот во Гватемала

Нова ерупција на вулканот во Гватемала

Околу 200 лица се изчезнати, а повеќе од 70 загинаа во силната ерупција на вулканот Фуего во Гватемала. Локалните медиуми пренесуваат дека спасувачките акции се прекинати поради нова ерупција проследена со исфрлање жежог гас и растопени карпи.

Од активноста на вулканот се загрозени 1,7 милиони лица, а досега се евакуирани 3.000.

Властите ги охрабруваат информациите од сеизмолошкиот институт од каде велат дека нови ерупции не се очекуваат.