Свет 28. јануари 2020. / 15:16

Нов земјотрес во Турција, засега нема податоци за повредени

Нов земјотрес во Турција, засега нема податоци за повредени

Земјотрес со умерен интензитет денеска го погоди западниот дел од Турција. Потресот предизвикал паника меѓу граѓаните кои масовно истрчале на улиците.

Според локалните власти, засега нема податоци за повредени и евентуална материјална штета.

Турската агенција за управување со вонредни ситуации и катастрофи информираше дека земјотресот бил со јачина од 4,8 степени по Рихтеровата скала, а епицентарот бил во градот Киркагач, во покраината Маниса.

Земјотресот е евидентиран во 14.26 часот по локално време, на длабочина од 6,99 километри.