Свет 26. септември 2019. / 15:06

Нов силен земјотрес го погоди Истанбул

Нов силен земјотрес го погоди Истанбул

Силен земјотрес со магнитуда од 5,7 степени по Рихтер го погоди најголемиот турски град, Истанбул.

Епицентарот на потресот бил на 70 километри западно од градот, во Мраморното море.

Градоначалникот, Екрем Имамоглу, преку својот Твитер профил објави дека засега нема извештај за материјална штета и за повредени лица.