Свет 25. април 2018. / 11:56

Немал среќа во љубовта: Откриен мотивот на напаѓачот во Торонто

Немал среќа во љубовта: Откриен мотивот на напаѓачот во Торонто

На социјалната мрежа Фејсбук не долго пред нападот во Торонто, се појави пост на Алек Минасиан, кој со комбе прегази 10 луѓе, а повреди 14 минувачи.

Минасиан во изнајмено бело комбе намерно се залетал во маса луѓе во северниот дел на Торнот. Срушил повеќе од десетина пешаци и усмртил 10. Засега е познат идентитетот на три жртви. Иако полицијата засега неведува дека обвинетиот не им е познат и дека се непознати неговите мотиви, од полициската истрага синоќа испливале први интересни детали.

Имено, Минасиасан непосредно пред крвавиот поход, на Фејсбук оставил „шифрирана порака“, наведува Си-Ен-Ен.

„Инцел револуцијата веќе започна. Ќе ги смениме сите како Чад и Стејси. Сите поздравете го врвниот господин Елиот Роџерс“, напишал неколку минути пред со комбе да ги покоси пешаците. Би-Би-Си наведува дека пораката е всушност пофалба за Елиот Роџерс, 22-годишник од Калифорнија кој во 2014 година во Исла Виста убил 6 лица, ранил 14, а потоа извршил самоубиство.

Терминот „инцел“ е скаретеница од зборовите „involuntary celibate” (ненамерен целибат) и тоа е назив за засега забранетата група на Редит, која ја користел Роџер, а во која младите расправале за сиромашниот сексуален живот и фактот дека не им се привлечни на жените, често обвинувајќи ги жените за тој проблем.

„Чад“ и „Стејси“ се имиња со кои се нарекувани привлечните мажи и жени „недостапни“ за членовите на групата, млади луѓе кои живеат во ненамерен целибат.