Свет 20. ноември 2020. / 08:40

Неколкумина повредени во напад со нож во Оберхаузен

Неколкумина повредени во напад со нож во Оберхаузен

Неколку лица беа повредени синоќа во напад со нож во западниот германски град Оберхаузен. Осомничениот за нападот е уапсен.

Германскиот протал Дојче Веле наведува дека повредените се во критична состојба и се на интензивна нега. Самиот напаѓач е повреден и хоспитализиран.

Портпаролот на полицијата Кристоф Викхорст не даде информации за мотивите на злосторството.

Полицијата во Оберхаузен побара помош од колегите од Есен за да се обезбеди местото на злосторството.