Свет 15. февруари 2020. / 19:28

НАТО сака подобри односи со Русија, вели Столтенберг

НАТО сака подобри односи со Русија, вели Столтенберг

НАТО би сакал да има подобри односи со Москва, но ќе продолжи да ги поддржува санкциите и да ја зголемува борбената подготвеност против Русија, рече генералниот секретар на АЛијансата, Јенс Столтенберг.

– Ние се соочуваме со натпревар со руската страна која сака да се врати светот во сфери на влијание, изјави денеска Столтенбер на Конгеренцијата за безбедност во Минхен.

Тој изјави дека сите сојузници ја поддржуваат контролата за вооружување и дека сакаат дијалог со Русија.

– Ние и понатаму сакаме подобри односи со нашиот најголем сосед. НАТО реагира на заканите од Русија, вклучително и значајно зголемување на борбената подготвеност на нашите сили, поддржување на санкции и борба против обидите Русија да се меша во наши држави, рече тој.

Стонтелберг рече и дека Кина е извор на загриженост за блокот, истакнувајќи дека таа земја наскоро ќе биде најголема светска економија и дека веќе има втор најголем воен буџет на светско ниво.