Свет 02. декември 2020. / 16:02

Напад со нож во Хаг: Повредени две лица

Напад со нож во Хаг: Повредени две лица
epa08033848 Police in the Grote Marktstraat in The Hague, The Netherlands, 29 November 2019. Several people were injured in a stabbing. EPA-EFE/SEM VAN DER WAL

Две лица се повредени денеска во Хаг во напад со нож во супермаркет каде избил и пожар, соопшти холандската полиција.

Според локалните медиуми, полицијата засега верува дека нема терористички мотиви за нападот, а спасувачките тимови блокираа дел од центарот на градот по пожарот.

Спасувачките служби први биле информирани за нападот со нож и пожарот во супермаркетот Гроте Маркт.

Пожарот е ставен под контрола, соопшти полицијата преку Твитер, додавајќи дека две ранети лица се хоспитализирани.

На прашањето за можни терористички мотиви, полицискиот портпарол рече дека „засега нема ниту еден мотив“ дека станува збор за тероризам.

Полициски хеликоптер трага по напаѓачот.