Свет 01. октомври 2019. / 16:09

Напад со нож на колеџ во Финска – има загинати и повредени

Напад со нож на колеџ во Финска – има загинати и повредени

Еден студент е убиен ,а деветмина се повредени во инцидент во колеџ во близина на трговски центар во градот Куопиу , на истокот на Финска.

Полицијата соопшти дека употребила огнено оружје и дека напаѓачот е приведен.

Едно лице е пронајдено мртво во просториите на колеџот, соопшти полицијата на Твитер.

Полицијата не објави друга информација за случајот, а некои извештаи во медиумите наведуваат дека вкупно девет лица, вклучувајќи го и напаѓачот, биле пренесени во болницата.

Сведоци на нападот за финските медиуми рекле дека напаѓачот имал нож.

Куопиу се наоѓа на околу 330 километри северно од Хелсинки. Трговскиот центар е евакуиран и ситуацијата е под контрола, соопшти полицијата.