Брз воз кој сообраќал од Анкара кон Кониа излетал од шините.
Според последните информации седум лица загинале, а повеќе од 40 се повредени.
Несреќата се случила четири минути откако возот тргнал од станицата во Анкара, кога дошло до судир на локомотивата со друг воз, пренесува „Спутник“.
Најмалку два вагони излетале од шините, наведува приватната телевизина „НТВ“.
Итните служби за помош се на терен и се обидуваат да ги излечат настраданите и преживеаните лица кои останале заробени во згмечените вагони.
Возот се движел од Анкара кон централниот турски град Кониа, пренесува агенцијата „АП“.
Официјален претставник од Анкара изјавил дека брзиот воз удрил во машината која ги проверувала пругите на станицата во Анкара.
На местото на несреќата излегле доктори и спасувачи.