Свет 23. февруари 2020. / 12:22

Најмалку осум загинати во земјотресот во Турција, 21 повреден

Најмалку осум загинати во земјотресот во Турција, 21 повреден

Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, истакна дека во земјотресот што се случи на турско-иранската граница загинале осум лица, додека 21 лице се повредени, јави Анадолија.

Коџа објави писмено соопштение во врска со земјотресот со јачина од 5,9 степени, што се случи на турско-иранската граница, во кое нагласи дека како резултат на тој земјотрес настаната е штета во подрачјето на Башкале во Ван.

Тој информираше дека на местото на настанот биле упатени 25 амбулантни возила, еден амбулантен хеликоптер и 13 тимови за спасување.

– Дваесет и еден наш граѓанин се повредени и пренесени во државната болница во Башкале. Осум од нив се наоѓаат во критична состојба, додека останатите се надвор од животна опасност, истакна министерот Коџа.